25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски го распушти судот, вели дека Украина може да се бори и против корупцијата и против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, го распушти судот во Киев и рече дека Украина може истовремено да се бори против корупцијата и руската инвазија.

„ На оваа приказна дојде крајот“, рече Зеленски доцна синоќа и посочи дека го потпишал законот за распуштање на Окружниот управен суд во Киев. Станува збор за институција која украинските антикорупциски власти ја споредија со криминална организација, а САД на 9 декември му воведоа санкции на претседателот на таа институција.

„ Но, приказната за реформите продолжува – таа продолжува дури и во време на таква војна“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање. Тој го потпиша законот истиот ден кога беше усвоен од украинскиот парламент.

Претседателот на судот Павло Вовк во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за укинување на судот е чисто политичка и донесена набрзина и дека „оние кои денеска аплаудираат наскоро ќе зажалат“. Американскиот Стејт департмент објави дека Вашингтон вовел санкции за Вовк „за барање мито во замена за вмешаност во судски и други јавни процеси“.

Случајот за корупција против Вовк летово беше испратен до високиот антикорупциски суд на Украина, откако случаите против него беа блокирани со години.