22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Се запали американски нуклеарен бомбардер

Американскиот нуклеарен бомбардер „Б-2 Спирит“ принудно слета во Мисури откако се случи дефект при летот, а при слетувањето се запали.

Станува збор за „стелт“ нуклеарен бомбардер „Б-2 Спирит“ на американското воено воздухопловство, кој принудно слета во воздухопловната база Вајтмен во Мисури поради дефект при „рутински операции“.

Авионот се запалил при слетувањето и бил оштетен, потврдија од американското воено воздухопловство.

Повредени нема, а истрагата за инцидентот се уште е во тек.

„Б-2 Спирит“ беше пуштен во употреба во 1997 година и чинеше 1,16 милијарди долари или 2,15 милијарди долари во денешната вредност. Се смета за најскапиот бомбардер во светот.