11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Борел: Во ЕУ нема едногласна поддршка за формирање специјален меѓународен суд за Украина

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, призна дека во ЕУ нема едногласна поддршка за создавање некаков специјален меѓународен суд за Украина.

Тој посочи дека „апсолутно е точно дека треба да направиме повеќе во борбата против неказнивоста“, но не ги соопшти натамошните планови во оваа насока.

„ Постои полемика за тоа дали ни треба нешто друго освен Меѓународниот кривичен суд за да се бориме против неказнивоста во Украина. Заедно со ЕК им дадов предлог на министрите (за надворешни работи на состанокот на 12 декември) разговаравме за тоа, но без конкретни резултати. Можеби ќе се формира нешто друго, ова е интересна дискусија, која не даде конкретен одговор“, рече Борел во говорот на форумот за човекови права во Брисел.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, коментираше дека е очигледно дека обидите за формирање меѓународен суд за акциите на Русија во Украина се нелегитимни. Тој додаде дека дури и да се формира, Москва нема да сноси никакви последици поради тоа.

На крајот на ноември, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската комисија предложила да се формира специјален меѓународен суд за Украина под покровителство на ОН за истрага и гонење на руската агресија.