11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Јанчева: Советниците и граѓаните треба да знаат по која одлука сега се реализира јавниот превоз во Скопје

Советничката од СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, на денешната седница порача дека советниците мора да добијат Информација за јавниот градски превоз за да можат изворно да се запознаат со сите детали за состојбата со јавниот превоз.

„Сега имаме градски превоз кој го реализира само ЈСП и ние треба да знаеме по која одлука за линиски превоз се реализира јавниот градски превоз во Скопје.

По актуелната одлука која важи од 2015 и за која сме носеле измени, јавниот градски превоз го реализира ЈСП и одреден број, околу 15ина линии кои го реализираат приватните превозници. Претпоставувам дека тие линии сега ги реализира ЈСП, меѓу тоа дали тоа одговара на возниот ред што сме го изгласале? Конкретно дали линија 19ка сообраќа согласно возниот ред од одлуката за линиски превоз што ние како Совет сме ја изгласале? Граѓаните велат дека тоа не е така, а нам како советници ни недостигаат одговори и токму од таа причина, ние баравме информација. Понатаму, Согласно истата одлука што ја донесовме, за 100 отсто исполнетост на возниот ред потребни се 350 автобуси, има ли во Скопје секој ден 350 автобуси кои можат во целост да го реализираат градскиот превоз?“ порача Јанчева.

Спонзорирано: