10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена се породила на лет за Амстердам, тврдела дека не знаела дека е бремена

Млада жена неочекувано се породила додека била на летот на од Еквадор до Амстердам минатата недела, соопшти холандската болница која го примила патникот.

Неколку часа пред слетувањето во средата, жената почувствувала болка во стомакот и отишла во тоалет. Таму, по неколку кратки контракции, родила син, соопштија од болницата „Спарнсе Гастхуис“, додавајќи дека жената тврдела дека воопшто не знаела дека е бремена.

Во авионот имало двајца лекари и медицинска сестра од Австрија кои и пружиле помош. Како што соопштија од болницата, мајката на својот син му го дала името по едно од лицата кои дошле на помош.

Мајката била пренесена во болница по слетувањето на аеродромот. И мајката и синот се добро, известија од болницата.

Жената ќе го продолжи патувањето до Мадрид, како што првично планирала, откако болницата и ја доставила потребната документација за детето.