Centar.mk
БИЗНИС

Бислимоски: Секретаријатот на енергетската заедница петта година по ред ја оцени РКЕ како најдобар регулатор

Петта година по ред Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е оценета со прво место за најдобар регулатор од страна на Секретаријатот на енергетската заедница. Во Годишниот извештај за 2022 година РКЕ е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Црна Гора и Грузија со 80 % спроведени реформски процеси. Рангирањето за најдобар регулатор е во конкуренција на мониторирани вкупно девет регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина.

Во Извештајот на Енергетска заедница се посочуваат како проблематични сложените постапките за нови вработувања поради потребата за одобрување на годишниот план за вработување од страна на надлежните институции и барањето за спроведување на долготрајни постапки за избор.

Дополнително во Извештајот е потенцирано како загрижувачко мешањето (интервенциите) на Народниот правобранител во независната работа на Регулаторот во поглед на начинот и висината на одредувањето на тарифите.

„Петта година по ред како раководам со тимот кој носи резултат и истиот е верификуван преку меѓународни признанија. Валоризацијата на работата од Енергетска заедница е дополнителен мотив да опстоиме во независноста, автономноста и интегритетот кој заедно со вработените го градиме. Единствено што е тажно, ако можам така да го дефинирам човечки е тоа што и меѓународните институции ги детектираат обидите за нарушување на нашиот интегритет од страна на т.н експерти кои даваат мислења и ставови по прашања за кои немаат надлежност, а ни основно познавање, туку само сакаат да постигнат публицитет.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во следниот период РКЕ ќе се посвети на спроведувањето на Мрежните правила за електрична енергија и природен гас, коишто се транспонирани во националните мрежни правила од страна на операторите на соодветните системи, и како и ќе презема мерки за целосно спроведување на Регулативата за транспарентност на електрична енергија. Исто така врз основа на законските надлежности, РКЕ ќе подготви подзаконски правила за транспонирање на Регулативата на РЕМИТ.

Можеби ќе ве интересира

Европските берзи во пад, нафтата се искачи на речиси 98 долари

C +

Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

ДЕСК

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

ДЕСК