10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Отворен најдолгиот железнички тунел во Скандинавија

Во неделата во Норвешка беше пуштена во употреба нова железничка линија, која го вклучува најдолгиот железнички тунел во Скандинавија.

Патниците сега можат да патуваат до главниот град Осло на новата линија „Фоло“ низ тунелот Бликс долг повеќе од три километри, намалувајќи го времето на патување на 11 минути.

Железницата, чија изградба започна во 2015 година, официјално ја отвори норвешкиот крал Харалд Пети.

Според изјавите од железничката компанија, трошоците за повеќегодишниот проект изнесуваат вкупно 3,5 милијарди евра.