10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
СВЕТ

Лондонските аеродроми ги откажуваат летовите, невремето предизвика колапс

Сите летови се прекинати на лондонскиот аеродром Станстед откако пистата беше затворена поради лошите временски услови, јавува Би-Би-Си.

Од таму изјавија дека нивната единствена писта е затворена за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се прекинати.
Хитроу и Гетвик, исто така, откажаа или одложија летови по снегот, замрзнатиот дожд и маглата што ја погодија Велика Британија.

Повеќе од 50 летови беа откажани во неделата на Хитроу, откако ледената магла доведе до ограничувања од страна на контролата на летање на бројот на авиони што може да слетаат и полетуваат за еден час, јавува Би-Би-Си.

За Шкотска, Лондон и југозападна Англија денеска останува жолто метео предупредување и истото се очекува да продолжи и во наредните денови.

Возовите исто така доцнат и возачите во овие делови на ОК се предупредени да внимаваат по неколкуте сообраќајни несреќи на автопатите.