12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Еруптираше вулкан на Чиле, издадено безбедносно предупредување

Чилеанските власти издадоа безбедносно предупредување откако вулканот Ласкар, лоциран на Андите, еруптираше, предизвикувајќи помали потреси, јавува Би-би-си.

Засега нема извештаи за штети во областа, но првичното зелено предупредување е надградено на жолто.

Националната служба за геологија и рударство на Чиле (Сернагеомин) дефинира жолто предупредување како знак дека вулканот е нестабилен. Експертите го следат местото за помали експлозии и појава на чад, соопшти Националната служба. Жителите на Талабра, мал град на околу 12 километри од вулканот, за првпат ја забележале активноста вчера околу пладне по локално време.

И покрај огромниот облак чад што го испушта Ласкар, кој се состоеше од вулканска пепел и врели гасови, се верува дека ниту една куќа не е оштетена. Властите забранија влез во радиус од 5 километри од кратерот на вулканот.

Ласкар е 70 километри од Сан Педро де Атакама, популарна туристичка дестинација за пешачење и пустината Атакама, најсувото место во светот.