22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во Замбија пронашла тела на 27 мажи

Полицијата во Замбија пронашла тела на 27 мажи фрлени во земјоделска област.

Таа информација ја соопштија локалните власти.

Според извештаите, единствениот преживеан бил пронајден во раните утрински часови и бил пренесен на лекување во болницата во Лусака, додека мртвите биле пренесени во мртовечница за идентификација и обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Прелиминарната полициска истрага покажа дека сите жртви се мажи на возраст од 20 до 38 години и дека непознати лица ги фрлиле на страна од патот.