12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Конгресменката Тени: Ситуацијата на северот на Косово е причина за загриженост

Копретседавачот на српската пратеничка група во американскиот Конгрес, Клаудија Тени изјави дека влошувањето на ситуацијата на северот на Косово е причина за длабока загриженост.

Таа додаде дека тековните спорови меѓу страните мора да се решаваат по мирен пат.

„ Сега треба да биде време оние во регионот да престанат со какви било унилатерални дејства што би можеле дополнително да ги подгреат тензиите и уште еднаш да ја потврдат својата посветеност на дипломатијата со враќање на преговарачката маса со добра волја“, изјави Тена за српското радио Чикаго.

Тени повтори дека е време ЕУ и другите актери да ги засилат своите напори и да ги доведат Белград и Приштина на преговарачка маса.

„ Во согласност со ова, го повторувам мојот повик како копретседавач на српската пратеничка група до администрацијата на Бајден, Европската унија и другите регионални актери да ги удвојат дипломатските напори за здружување на страните за мирно решавање на тековниот спор, истовремено обезбедувајќи ја заштитата на правата на малцинското население“, рече Тени.