17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

На северот барикади, сирени во Северна Митровица: Сакаат да спречат уапсениот Пантиќ да биде однесен во Приштина

Во Косово денеска во населбата Јариње е уапсен Дејан Пантиќ, кој бил припадник на косовската полиција, а Србите од северот на Косово се собираат и поставуваат барикади.

Како што пренесува Косово онлајн, Србите не сакаат да дозволат уапсениот да биде однесен во Приштина.

Според насобраните, станува збор за човек без дамка во кариерата, кој не учествувал во воените дејствија на Косово. Голем број граѓани се собраа на влезот и излезот од Лепосавиќ, како и во Рудар и Србовац кај Звечани.

Сирените повторно се огласија во Северна Митровица, јавува порталот Косев. Според неофицијални информации, причина е апсењето на Србинот, поранешен припадник на косовската полиција.

Спонзорирано: