16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Путин за изјавите на Меркел за Украина: Неочекувано и разочарувачки за мене

Рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето разочарување од неодамнешните изјави на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за Украина.

Русија ја протолкува нејзината изјава во интервју за Цајт онлајн дека значело дека мировниот план од Минск е склучен само за да и се даде време на Украина да се вооружи и да се подготви за војна со Русија.

„Тоа беше апсолутно неочекувано за мене. Секогаш претпоставував дека раководството на Сојузна Република Германија ќе се однесува чесно со нас“, рече Путин.

Во интервјуто објавено во четвртокот, Меркел рече: „А договорот од Минск во 2014 година беше обид да и се даде време на Украина. Таа исто така го искористи тоа време да стане посилна, како што можете да видите денес“.

Според Меркел, Путин лесно можел да ја прегази Украина на почетокот на 2015 година.

Спонзорирано: