17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Важна вест за возачите во Скопје: Оваа улица ќе биде затворена за сообраќај

Известување за времен сообраќаен режим на улица Тодор Александров за деновите 7 и 8.12.2022година

Ве известуваме дека на ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ од 8.00ч. до 12:00часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја асфалтираат улицата Тодор Алексадров и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација. Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР. Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата.

ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ