14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага осуден на 21 година затвор

Џејмс Хауард Џексон, кој минатата година пукаше и го рани шетачот на кучињата на Лејди Гага додека ги крадеше нејзините француски булдози, ја прифати спогодбата за признавање вина и е осуден на 21 година затвор.

Според Канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес, Џексон се изјаснил дека не ја оспорува едната точка од обвинението за обид за убиство, и дека ги признал наводите за нанесување тешка телесна повреда.

Тој беше обвинет за обид за убиство, заговор за извршување грабеж и напад со полуавтоматско оружје.

Во соопштението од Канцеларијата на окружниот обвинител се наведува: „Спогодбата за признавање вина утврдува одговорност на господин Џексон за извршување ладнокрвен насилен чин, и обезбедува правда за нашата жртва“.

Џексон беше еден од петте луѓе кои учествуваа во насилниот грабеж на домашните миленичиња на Гага, но властите велат дека бандата конкретно не ја таргетирала поп ѕвездата бидејќи не знаеле дека кучињата се нејзини.

Наместо тоа, тие веруваат дека мотивот на групата била вредноста на француските булдози, кои можат да се продаваат по десетици илјади долари.