23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров со остра порака до папата: Треба да се срами за неговото незнаење

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров смета дека папата Франциск станал жртва на странски медиумска пропаганда, поради што зборувал за „суровоста“ на Бурјатите и Чеченците.

Лидерот на Чеченија истакна дека толку важна религиозна личност треба да се срами од неговото незнаење за односот на муслиманите кон непријателот. Според него, украинските војници можат да му кажат на римскиот папа за односот на Чеченците кон затворениците, без разлика дали е суров или не.

„ Како можете да одредите дали непријателот на бојното поле е весел, мрачен, сентиментален или суров? И како со голо око да ја одредите националноста на руски војник во консолидиран одред, ако во нашата земја живеат повеќе од 190 народи? Шефот на Ватикан не може да одговори на тоа, тој едноставно стана жртва на пропагандата и упорноста на странските медиуми“, напиша Кадиров на својот канал Телеграм.

Во интервју за американските медиуми, Папата ги нарече Чеченците и Бурјатите „најсуров дел од руските трупи во Украина“.