„Секој пред себе мора да го има прво интересот на граѓаните, интересот на идните генерации, а потоа личниот политички интерес. Ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија тој не може и нема право да ја изолира цела држава“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека најголема опасност за нашиот пат кон ЕУ се Левица и Апасиев, кои во заложништво го држат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Она што ние го имаме пред нас се одлуки за продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ. После таа одлука ќе има уште тешки одлуки затоа што тие реформи не се едноставни, тоа се реформи кои сите држави, членки на ЕУ ги поминале. Но, низ тие реформи, низ тешки одлуки изградиле подобро опшстество“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека пратениците пред себе ја имаат одлуката дали сакаат идните генерации да живеат во држава членка на ЕУ дома или во туѓина.