Centar.mk
СВЕТ

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА СКОКНА НА 3,8 ОТСТО: Енергијата поскапе за 18,8 проценти

Годишната инфлација во еврозоната во септември се проценува на 3,8 проценти, значително над августовските 3,2 проценти, покажува прелиминарната проценка на Евростат.

Најголем притисок доаѓа од енергијата, каде годишниот раст на цените достигнал 18,8 проценти, наспроти 14,3 проценти во август. Цените на услугите пораснале за 3,2 проценти, а на храната, алкохолот и тутунот за 1,4 проценти.