Доспеаните, а ненаплатени обврски на грчките домаќинства и компании достигнале 238,6 милијарди евра, што е еквивалентно на 96,1 проценти од грчкиот БДП.
Околу 166,3 милијарди евра се неплатени даночни и социјални обврски, додека остатокот е поврзан со нефункционални кредити кај банките и компаниите за управување со побарувања. Податоците се наведени во квартален извештај на грчкиот институт IOBE.


