Српската влада го продолжи за уште една недела намалувањето на акцизите за нафтените деривати за 25 проценти.
Мерката ќе важи до 11 октомври и е дел од поширокиот пакет со кој Белград се обидува да го ограничи пренесувањето на глобалниот нафтен шок врз домашните цени. Во сила остануваат и ограничувањето на цените на дериватите и забраната за извоз на гориво до крајот на октомври.


