Четири лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад врз Хостомел во Киевскиот регион, соопштија утрово украинските служби за итни случаи.
Во текот на ноќта избувнале пожари во два магацина во округот Буча, а спасувачките екипи работеле на расчистување на урнатините и гаснење на објектите. Информациите за последиците се од украинските власти и се однесуваат на состојбата објавена утрово.


