13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мицкоски е човек без став, визија и одлучност, затоа е во заложништво на Левица и Апасиев

„Левица и нејзиниот претседател Апасиев се најголема опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава. И уште поголема опасност е дека таа партија го зема во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тој е слаб, без став, без визија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со неговиот албански колега, Еди Рама.

Тој додаде дека човек без став, визија и одлучност лесно може да биде земен во заложништво, што токму сега се случува во македонската опозиција.

„Сметам дека на таков политички пироман, не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека продолжувањето на европскиот пат на земјава зависи од нас, од пратениците во Собранието кои имаат одговорност пред своите деца, пред децата на нивните пријатели и роднини да донесат одлука со која ќе обезбедат иднина што значи членство во ЕУ.

Спонзорирано: