Centar.mk
СВЕТ

Иран ѝ се закани на Америка: Ќе нападнеме ако влезете во Ормускиот Теснец

Иранската војска ги предупреди американските сили да не влегуваат во Ормускиот Теснец, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, најави операција за помош на бродовите блокирани во Заливот.

Техеран порача дека секое приближување на странска војска, особено американска, ќе биде нападнато и дека пловидбата низ теснецот мора да биде координирана со иранските вооружени сили.

Според меѓународните поморски власти, стотици бродови и до 20.000 морнари се блокирани во регионот, додека кризата продолжува да го нарушува глобалниот енергетски пазар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК