Centar.mk
БИЗНИС

Од полноќ дизелот поскапува за 2, а бензините за 2,5 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто во однос на претходната одлука од 27 април.

Согласно новата одлука, од 5 мај 2026 година од 00:01 часот ќе важат следните максимални цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 87 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 49,720 денари за килограм

Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 2,50 денари по литар.

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари по литар, додека мазутот поскапува за 3,064 денари по килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека зголемувањето следи по растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и поради промената на курсот на денарот во однос на доларот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зошто младите не сакаат да работат за 30.000 денари?

ДЕСК

Цените на одморите растат: Дали летување станува луксуз за просечно семејство?

ДЕСК

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли

ДЕСК