Centar.mk
СВЕТ

Каја Калас: Изненадувачки е моментот за најавата за повлекување на американски војници од Германија

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е изненадувачки моментот во кој беше објавена можната одлука за повлекување на американски војници од Европа, откако Пентагон најави намалување на контингентот во Германија.

Таа оцени дека ова е сигнал дека Европа мора значително да ја зајакне својата улога во рамки на НАТО и да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.

Според Пентагон, околу 5.000 американски војници ќе бидат повлечени од Германија во наредните шест до 12 месеци.

Калас истакна и дека актуелните случувања ја зголемуваат важноста на Кавказ и на алтернативните трговски рути, особено поради тензиите на Блискиот Исток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК