Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Левица и Апасиев се против ЕУ и НАТО, Мицкоски е во нивно заложнштво бидејќи е слаб, без став и визија

„Вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава доаѓа од една политичка партија, која што во својата програма се противи на ЕУ, на членство во НАТО, на интеграциите на нашата држава во Берлинскиот процес, во Отворен Балкан. Таа политичка партија е Левица и нејзиниот претседател Апасиев“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со неговиот албански колега, Еди Рама.

Тој додаде дека поголема е опасноста што таа партија го зема во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ затоа што Мицкоски е слаб, без став, без визија.

„Човек без став, визија и одлучност лесно може да биде земен во заложништво. Тоа се случува во моментов на македонската опозиција. Сметам дека на таков политички пироман, не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека продолжувањето на европскиот пат на земјава зависи од нас, од пратениците во Собранието кои имаат одговорност пред своите деца, пред децата на нивните пријатели и роднини да донесат одлука со која ќе обезбедат иднина што значи членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК