Centar.mk
фото: скриншот од видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, извести МВР.

Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената, а во Кочани едно лице управувало возило во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопшти МВР./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Понеделник е неработен ден

ДЕСК

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

ДЕСК