17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Првиот Јапонец загина во Украина, борејќи се против Русите

Јапонец кој се борел на украинската страна против Русија загинал во Украина како прва позната јапонска жртва во таа војна, соопшти утрово јапонската влада.

Еден млад човек на возраст од дваесетина години е убиен во борба во средата, изјави за новинарите портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно. Официјален претставник на јапонското Министерство за надворешни работи изјави за АФП дека младиот човек е првиот јапонски државјанин што починал во Украина „од почетокот на (руската) инвазија во февруари“.

Јапонските дипломати „се во контакт со неговото семејство и ќе ја пружат сета потребна помош“, додаде Мацуно. Јапонските власти не открија детали. Агенцијата Џиџи прес пишува дека младиот човек се борел во единица која учествувала во украинската контраофанзива на источниот фронт.

Јапонија со месеци ги повикува своите граѓани да ја напуштат Украина и да не патуваат во таа земја. Во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски отворено ги покани странците од целиот свет да се приклучат на „меѓународната легија“ што се бори против Русија во неговата татковина.

Околу 20.000 меѓународни волонтери, претежно од европските земји, одговорија на повикот на Киев во март, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за Си-Ен-Ен.

Москва, која ги нарекува овие борци платеници, во јули процени дека има 7.000 и тврди дека убила 2.000 од нив од почетокот на конфликтот. Меѓу затворениците има и странски борци.

Властите во Тајпеј минатата недела соопштија дека 25-годишен Тајванец кој се борел против руските сили во Украина бил убиен во акција, што е првата позната жртва од Тајван.