22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја со ново лансирање

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска.

„Северна Кореја истрела неодредена балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти Здружениот генералштаб на Сеул.

Ракетата лансирана од Северна Кореја паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона во Јапонското Море, објавија јапонските медиуми.

Од почетокот на 2022 година Северна Кореја изврши 30 пробни лансирања на проектили.

Пјонгјанг соопшти дека воените активности на Северна Кореја се одговор на провокациите на Јужна Кореја и нејзините сојузници.