Centar.mk
ЛОКАЛНО

Редовна акција на ЈП Градски паркинг, се уредува зонското паркиралиште д3 позади Бисер

Денeс екипи на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, ja уредуваат паркинг зона Д3, која се наоѓа позади ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Оваа акција редовно се спроведува секоја среда и опфаќа кастрење на дотраените исушени гранки од дрвјата, како и подкастрување на гранките кои сметаат при паркирање на возилата, или евентуално би наштетиле на веќе паркирано возило.

Искастрените гранки се отстрануваат од паркиралиштето, со што се остава чист и уреден простор за движење и паркирање на возилата.

Соработката на двете претпријатија продолжува и понатаму со што се допринесува за чисти и безбедни јавни паркиралишта, односно подобри услови за корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК