22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Околу четири милиони Украинци се без струја, се очекува нов бегалски бран кон ЕУ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека поради руските напади врз енергетскиот систем на земјата, околу четири милиони луѓе останале без струја.

Зеленски рече дека 14 региони, како и главниот град Киев, се без струја, а украинскиот енергетски оператор Укренерго најави дека најавените прекини на струја ќе бидат извршени на територијата на целата земја.

Се претпоставува дека состојбата со недостиг на струја и парно ќе предизвика нов бегалски бран кон европските земји. Се верува дека околу 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, а источноевропските земји како Словачка и Унгарија се подготвуваат за нов бегалски бран во наредните месеци.

„ Се чувствува и се очекува зголемување на бројот на бегалци. Моментално е повисоко за 15 проценти – изјави координаторот за помош за градот Кошице во источна Словачка, Роман Доховиќ.

Руската новинска агенција Тасс јавува дека украинските потрошувачи секојдневно се соочуваат со прекини на струја кои траат по неколку часа, поради што украинските власти апелираат до граѓаните да штедат струја во периодите на шпиц.