20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во Русија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тихиот Океан во близина на источниот брег на Камчатка.

Во соопштението на локалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките, пишува дека земјотресот се случил на 136 километри од градот Петропавловск-Камчатска, пренесува РИА Новости.

Земјотресот се случил на длабочина од 44,2 километри.