10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Судар на камион и минибус: Најмалку 25 лица загинаа, седум се повредени

Најмалку дваесет и пет лица загинаа во страшен судар на камион и минибус во близина на градот Соугета во Гвинеја.

Најмалку седум лица се повредени, соопшти висок функционер на администрацијата на западноафриканската земја.

При претекнување, минибусот извртел на спротивната лента и се судрил со камионот. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако бил тешко повреден. Несреќата се случила во гратче на 180 километри од главниот град Конакри.

Тешките сообраќајни несреќи со висока стапка на смртност не се невообичаени во оваа западноафриканска земја.

Причините најчесто се преголема брзина или преоптоварување на возилото. Опасност претставува и лошата состојба на многу возила и патишта. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на жртви во сообраќајот на сто илјади луѓе во Гвинеја е седум пати поголем отколку, на пример, во Германија.