10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина поглаварот на независната православна црква на Кипар

Рано утрово на 81-годишна возраст почина поглаварот на независната православна црква на Кипар, архиепископот Златоуст Втори.

Оваа информација ја потврдија неговите лекари. Тој беше меѓу православните водачи кои ја признаа независноста на Црквата на Украина од Православната црква во Москва во 2020 година.

Тој беше силна личност која ги критикуваше проруските елементи во Црквата и руската инвазија на Украина.

За архиепископ е избран во 2006 година.

Инаку, Кипарската црква е самостоен огранок на православната заедница.

Пред четири години му беше дијагностициран рак. Златоуст ги прекори свештениците кои се спротивставуваат на вакцинацијата против пандемијата на коронавирус, заканувајќи се дека ќе ги отпушти оние што се гласни против вакцините. Тој исто така беше жестоко критичен кон Турција, која ја нападна северната третина од Кипар во 1974 година по краткиот државен удар инспириран од Грција.