17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гутереш: Човештвото има избор – соработка или исчезнување

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на Самитот за климатски промени COP27 истакна дека планетата мора да се обедини и да ги намали емисиите на штетни гасови.

Тој истакна дека мора да има обединети и заеднички акции за идните генерации да не бидат осудени на климатска катастрофа.

„Човештвото има избор: соработка или исчезнување“, рече Гутереш на самитот во египетскиот град Шарм ел Шеик.

Гутереш повика на договор меѓу најбогатите и најсиромашните земји, поради забрзана транзиција од фосилни горива кон еколошки одржливи форми на енергија и обезбедување средства за помош, така што дури и најсиромашните земји можат да успеат да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.

Како што рече, двете најголеми економии во светот, САД и Кина, имаат посебна одговорност да ги здружат напорите за да се постигне таков договор. Тој ги повика сите земји да се согласат постепено да ја укинат употребата на јаглен до 2040 година.