24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Ова се тектонски промени, но важно е да се однесуваме одговорно и сериозно

„Мислам дека е многу важно луѓето да знаат низ што поминавме во претходните децении и што се случи пред неколку месеци. Во 1999 година ние всушност го загубивме суверенитетот, без право на нашата армија, а во 2004 година почна погромот. Во 2008 година Косово прогласи независност“

„Почнавме тешки преговори во 2012, 2013 година. Тешко е да се споредат со оние од 1998 и 1999 година, кога беа поголеми и потешки бидејќи последиците беа поголеми и потешки. Но, оттогаш овие беа најголемите и најтешките. Со бриселскиот договор купивме 10 години мир. Имаме најбрз раст во регионот“.

„Не можам да кажам дека е лесен момент, но не е прв, ниту последен. Важно е да се однесуваме одговорно и сериозно. Зборуваме за големи политички тектонски промени“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостувањето на ТВПинк.

„По 10 години, Србите донесоа одлука да ги напуштат институциите во Приштина. Ќе имаме време да одговориме на бесмислените приказни за тоа како го прават тоа по наредба од Белград. Тие никогаш не сакаа реално да гледаат на проблемите со кои се соочуваат Србите“ додаде тој.

Како што додаде, платите во Србија ќе растат многу повеќе од инфлацијата. Тој укажа и на зголемувањето на пензиите.

„Денеска просечната плата во Белград е 806 евра, во Бор 800 евра, во Мајданпек“ – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија соопшти дека е донесена одлука од 10 декември конечно во Србија да биде можно ин витро оплодување со дониран репродуктивен материјал. Тој додаде дека тоа ќе важи за жени до 45 години.

„Тоа се околу 10 милиони евра на годишно ниво“ – рече Вучиќ.