23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пукање во Филаделфија, најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница што се случила пред бар во населбата Кенсингтон во Филаделфија, јавуваат американските медиуми.

Пукањето се случило околу 22:45 часот по локално време. Неколку лица излегле од црн автомобил и почнале да пукаат во луѓето пред кафулето.

При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми, јавуваат медиумите. Полицијата започнала потрага по црн автомобил во кој имало најмалку три или четири лица.

Засега нема уапсени. Исто така, нема информации за состојбата на жртвите.