22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ: Приштина да го продолжи процесот на пререгистрација на возилата

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано ги повика властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички и да го продолжат процесот на пререгистрација, пишува „Албаниан пост“.

Во исто време, претставникот на ЕУ побара од Приштина да ги прекине казнените дејствија за граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски таблички.

„Ова значи итно продолжување на процесот на пререгистрација на возилата“, рече Стано.

Тој во својот одговор за медиунмот вели и дека е одговорност на партиите да обезбедат мир и да се воздржат од дејствија што ќе доведат до ескалација на тензиите.

Повлекувањето на српските претставници од приштинските институции како портпароли на ЕУ не е решение за актуелните спорови, но, како што рече, „има потенцијал да ги ескалира тензиите на теренот“.

Стано ги потсети и приштинските институции на нивните обврски за спроведување на договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, објави „Косово онлајн“.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел оценува дека повлекувањето на Србите на Косово од институциите во Приштина не е решение за актуелните спорови и има потенцијал дополнително да ги ескалира тензиите на терен.

Тој додаде дека Европската унија ги повикува двете страни да се воздржат од какви било унилатерални дејствија што би можеле да доведат до дополнителни тензии.