11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТИЗБОР

(Видео) Голем пожар во кафуле во Русија, има и жртви

Најмалку 13 лица загинаа во пожар што избувна во кафулето Полигон во рускиот град Кострома, соопшти Службата за вонредни ситуации.

Пожарот најверојатно се случил затоа што еден од гостите користел пиротехнички средства.

Од објектот се евакуирани вкупно 250 гости, како и 15 жители на блиската станбена зграда.

Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале 50 лица и 20 оперативци, соопштија од противпожарната служба.

Во тек е потрага по гостинот кој употребил пиротехнички пиштол во ресторанот, изјави претставник на полицијата, пренесува Тасс.