12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Медицинските сестри кои малтретирале баба во дом за стари лица се приведени

Едномесечен притвор им одреди Основното обвинителство во Пеќ на три медицински сестри кои нападнаа старица во Домот за стари лица „Оренда“, пишува Кљан Косова.

Притворот обвинетите ќе го поминат во затворот Липјан, пренесува „Новости“.

На видеото кое се појави во јавноста во средата, се гледа како медицинската сестра Аурона Пељај удира и тепа беспомошна старица, како и уште две медицински сестри Алтина Реџепи и Ремзије Куќи кои го снимиле и не интервенирале. Потсетуваме дека денеска беа уапсени три медицински сестри.