21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: ЕУ не може да ги стави Кина и Русија на исто ниво

Западните земји треба да ја намалат зависноста од Кина, но не може да ја стават оваа земја во иста категорија со Русија, најави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел.

„Јасно е дека Кина влегува во нова ера на својата надворешна политика, а исто така и на нејзината внатрешна политика. Кина станува многу посамостојна, многу повеќе на сопствениот курс“, им рече Борел на новинарите на маргините на министерскиот самит на Г7 во германскиот град Минстер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска е во посета на Пекинг, најави дека со кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе разговара за европско-кинеските односи, борбата против климатските промени, економските врски, како и за теми за кои двете земји немаат исти ставови.