17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Имавме важен и продуктивен разговор со Макрон за јакнење на нашата одбрана

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека имал разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Како што наведе, разговарале за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и обновување на оштетената енергетска инфраструктура.

Зеленски го нарече состанокот „исклучително важен и продуктивен“, но не прецизираше што е договорено. Тој му се заблагодари на Макрон за неговата непоколеблива поддршка од почетокот на војната во Украина.

„Исклучително важен и продуктивен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Конкретни одлуки за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Конкретни иницијативи за обнова на уништената енергетска инфраструктура“, напиша Зеленски на „Твитер“.