12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Неприфатлив е молкот на европските земји за терористичкиот напад врз „Северен тек“

Молкот на европските земји во врска со терористичкиот напад на „Северен тек“ е неприфатлив, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков нагласува дека ваквите постапки не може да останат без одговор.

Тој потсети дека руските разузнавачки служби имаат податоци што укажуваат дека британски воени советници ги насочувале и координирале нападите на заливот во Севастопол.

„Има информации дека Велика Британија има врски со саботажа, односно терористички напад врз клучна енергетска инфраструктура, не руска, што е многу важно да се земе предвид, туку меѓународна енергетска инфраструктура. Секој треба многу внимателно да ги анализира тие информации. Ние сметаме на тоа дека и покрај неприфатливиот молк на европските земји, сепак ќе се направи анализа. Ваквите постапки не може, едноставно, да се игнорираат. Се разбира, ќе размислуваме за понатамошни чекори, нема друг начин“, додаде тој.

Прашан дали Русија би можела да се обрати до Советот за безбедност на ОН во врска со терористичките напади на двата гасовода, Песков рече дека првин е неопходно да се систематизираат достапните податоци.

Портпаролот на Кремљ додаде дека експертите треба да дадат заклучок за можноста за санирање на двата гасовода и дека засега не се донесени никакви одлуки за ова прашање.