17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во регионот на Киев, околу 20.000 потрошувачи се без струја

Околу 20.000 потрошувачи во регионот на Киев немаат струја, изјави денеска шефот на регионалната воена управа Олексеј Кулеба.

Тој изјави дека експерти од областа на енергетиката работат деноноќно и прават неверојатни работи, пренесува Интерфакс Украина.

Кулеба изјави дека денеска започнале планираните исклучувања со цел да се стабилизира електроенергетскиот систем.

По вчерашните ракетни напади на руските сили врз објекти од енергетската инфраструктура, голем број населени места во Украина останаа без струја.

Само во градот Киев не беше во функција енергетскиот објект кој снабдува 350.000 потрошувачи.