12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден разговараше со новиот бразилски претседател

Американскиот претседател Џо Бајден ги пофали цврстите врски меѓу САД и Бразил денеска во телефонски разговор со Луис Инасио Лула да Силва, ден по неговата победа на претседателските избори во Бразил, соопшти Белата куќа.

– Двајцата лидери се заложија за продолжување на соработката за да се решат заедничките предизвици, пред се климатските промени, заштитата на безбедноста на храната, унапредувањето на демократијата и инклузивноста и управувањето со регионалните миграции – се наведува во соопштението.