17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потона брод во Грција

Голема спасувачка операција е започната во Грција откако во текот на ноќта се преврте брод кај островот Евија.

„Бродот превезувал повеќе од 60 мигранти кои допатувале од Турција“, соопшти крајбрежната стража на земјата.

Како што се наведува, деветте лица извлечени од водата им рекле на членовите на спасувачките тимови дека на чамецот имало вкупно 68 лица, а бродот првично испловил од турското пристаниште Измир.

Крајбрежната стража соопшти дека во операцијата за пребарување и спасување учествуваат хеликоптер, патролен чамец на крајбрежната стража и два брода.

Илјадници луѓе кои бегаат од конфликти и сиромаштија во Африка, Азија и Блискиот Исток секоја година се обидуваат да влезат во Европската унија преку Грција.

Повеќето го користат краткиот, но често опасен премин од турскиот брег до блиските грчки острови со гумени гумени чамци.

Помал број се решаваат да ја заобиколат Грција со преполни едрилици и бродови и да се упатат директно кон Италија.

Најмалку 27 лица се удавија претходно овој месец во грчките територијални води во два одвоени инциденти.