17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четири лица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба

Најмалку четири лица се затруени при истекување гас на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека едно лице е во тешка состојба, а три имаат поблаги симптоми.

Инцидентот се случил на Терминалот 8 на аеродромот кога дошло до истекување јаглероден диоксид од неидентификуван извор.

Терминалот 8 е целосно евакуиран од патници, кои се пренасочуваат кон блискиот Терминал 7.

Се утврдуваат причините за истекувањето на гасот.