17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По уривање на мостот во Индија уапсени се девет лица

Индиската полиција денеска уапси девет лица, откако се урна пешачки мост во западниот дел на земјата.

Меѓу уапсените има и продавачи на билети и изведувачи на мостот, кој се урна во неделата вечерта во сојузната држава Гуџарат.

Генералниот инспектор, Ашок Јадав, рече дека полицијата формирала специјален истражен тим и дека менаџерите на операторот на мостот, Орева Груп, и нивниот персонал се уапсени.

„Нема да дозволиме виновниците да избегаат, нема да поштедиме никого“, рече Јадав.

Мостот, кој неодамна беше реновиран, е стар 143 години, а повторно беше отворен четири дена пред несреќата.

230 метри долгиот пешачки мост од колонијалното време над реката Макчу во центарот на градот Морби беше преполн со посетители кои се собраа на фестивалот на светлата.

Властите соопштија дека повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот во моментот на уривањето, а бројот на загинати надмина 130 лица.

Полицијата покрена кривична постапка против лица одговорни за реконструкција, одржување и стопанисување со мостот, а надлежните формираа петчлена комисија која ќе ги испита причините за несреќата.