17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финската премиерка: Сите очи се вперени кон Турција и Унгарија

Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Турција и Унгарија што побргу да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО. Унгарија и Турција се единствените две членки на НАТО, кои сè уште не ги ратификувале барањата.

„Сите очи сега се насочени кон Унгарија и Турција. Чекаме тие земји да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа да се случи што е можно побргу“, рече Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски лидери.

Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО претставувајќи обединет фронт пред Турција.

Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини за давање засолниште на терористички групи.