Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи викенди без ДДВ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ во текот на денешниот ден ќе поднесе предлог-закон за викенди без ДДВ до Собранието на Република Македонија, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

„Цените на прехранбените производи се зголемени речиси 30 % заклучно со септември, а кај одделни производи зголемувањето надминува и 50 %. Власта, поради високите цени, прибира огромни средства од ДДВ и ги троши за купување октоподи, бифтеци и златен прибор“, рече пратеничката.

„Со предлог-законот на ВМРО ДПМНЕ секој викенд додека трае прогласената кризна состојба, односно до 30 април, бараме да биде викенд без ДДВ за прехранбени производи. Владата може и мора да се откаже од неколку милиони евра, кои значително ќе им помогнат на граѓаните да се прехранат. Во текот на вчерашниот ден слушнавме дека мерките што ги најавија за време на викендот својот ефект ќе го достигнеле во јануари в година. Предолго е, нема време за чекање, мора да се дејствува сега и веднаш. Со нашиот предлог-закон намалувањето на прехранбените производи ќе биде 5 % уште од овој викенд“, порача Стојаноска.

Таа посочи дека „според преткризните податоци, над 20 % е стапката на сиромаштија во Македонија. Со овие стапки на инфлација, кои е прашање кога ќе се намалат, овој процент драстично расте“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +